Диета со маслинки за брзо слабеење

Ако сакате набрзина да се ослободите од вишокот на килограми, нутриционистите предлагаат да ја пробате диетата со маслинки

0
537

Диетата со маслинки која според нутриционистите е идеална доколку сакате брзо да се ослободите од вишокот на килограми, е многу популарна во Италија, а ако сте љубители на маслинки и маслиново масло нема да ви биде тешко да ја спроведете.

Диетата со маслинки е многу ригорозна но трае само 3 до 5 дена, а за ова време можете да изгубите и до 5 килограми.

Маслинките се многу здрави, богати се со влакна, аминокиселини, калциум, цинк, фосфор, бакар, селен и железо, витамини B, C, E и R.

Во 100 грама зелени маслинки има 145 калории, 3,8 г јаглени хидрати, 15,3 г масти, 1 г белковини.

На празен стомак изедете 10 маслинки и земете лажица маслиново масло. Појадокот и ручекот треба да се состојат од салата од свеж зеленчук зачинета со маслиново масло. За вечера – само маслинки. Можете да пиете само негазирана вода.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here