Дилема: Треба ли да се мие оризот пред готвење?

Миењето на оризот ги отстранува нечистотиите и скробот од зрната, а готвењето без миење го доведува вашето јадење во опасност да биде лепливо и гумено. Знаете ли што е подобро?

0
1298

Пакувањето на оризот може да содржи ситни нечистотии, кои би требало да се отстранат пред готвењето. Нашите мајки и баби затоа внимателно го требеле оризот пред да го зготват, но и го миеле.

Приврзаниците на миењето на оризот пред готвењето го прават тоа затоа што сакаат да ги отстранат нечистотиите од површината, но и затоа што не сакаат јадењето да им биде лепливо и како гума. Од друга страна оние кои не го мијат оризот пред готвење, тврдат дека водата не ги отстранува само нечистотиите туку и вкусот на оризот.

Мијте го оризот

Кулинарските познавачи тврдат дека оризот не смее да се мие кога планирате да правите рижото, затоа што ќе го измиете и скробот кој му дава кремавост на јадењето.

Мијте го оризот

Оризот е препорачливо да се измие кога го купувате на мерење или кога ќе забележите дека е исклучително бел. Во производството понекогаш зрната се мешаат со оризово брашно, глукоза или слични додатоци за да биде производот колку што може побел.
Имајте на ум дека е доволно оризот да го измиете еднаш или двапати пред готвењето. Водата во која варел оризот никогаш нема дa биде сосема чиста.