Добри вести!

Според авторката на книгата „The Big Breakfast diet“, чоколадната торта и чоколадото за појадок, не само што биле добри за мозокот, туку и за струкот.

0
275

Чоколадото има директно влијание на нашите когнитивни функции, а редовната консумација може значително да го подобри помнењето. Наспроти прифатената претпоставка дека луѓето би требало да го намалат консумирањето на чоколадо кога се на диета, утврдено е дека тоа всушност може да помогне при губењето на вишокот на килограми.

„Кога ќе се разбудите, на мозокот веднаш му треба енергија“, вели др.Даниела Јакубовиќ, чија книга „The Big Breakfast diet“ станала бестеселер.

Ова е време во денот кога вашето тело ја претвара сета храна во енергија. Подоцна, во текот на денот, телото штеди енергија и ја чува како резерва во облик на масти. Сепак, чоколадо не би смееле да јадете после 9 часот наутро.

Чоколадото содржи флавоноиди кои обично се појавуваат во растителната храна. Исто така, високо ниво на флавоноиди можеме да најдеме во чајот, црното вино, овошјето како што се грозјето и јаболката.

Затоа, следниот пат кога сте во дилема околу тоа дали да се почестите со некое чоколадо или не, направете го тоа за појадок. Вашиот мозок и струкот ќе ви бигат благодарни.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

twelve − eight =