Домашен сладолед за пет минути, без ставање во замрзнувач (ВИДЕО)

Звучи прилично неверојатно, нели? Ама ако го изгледате видеото ќе видите дека е можно. Ова е рецептот со кој можете веднаш да направите вкусен домашен освежителен сладолед.

0
355

Состојки:

Пола шолјичка млеко

Пола шолјичка слатка павлака

Четвртина шолјичка шеќер

Пола лажичка екстракт од ванила

Ако сакате некој друг вкус можете да додадете исечкани јаткасти плодови, згмечена банана, ситни парченца овошје.

Две пластични кеси

Мраз

8 лажици сол

Приготвување:

Сите состојки, освен мразот и солта, ставете ги во една пластична кесичка. Внимавајте да е со добар квалитет за да не ви се скине. Добро затворете ја.

Во другата ставете сол и мраз.

Сега помалата кесичка со состојките ставете ја во поголемата и прекријте со уште мраз и сол, завиткајте  во кујнска крпа или пешкир и добро тресете неколку минути додека смесата не се претвори во сладолед.

Фото: Pexels