Домашни кекси со путер од кикирики

Ако сте од оние кои со кафе секогаш сакаат да грицкаат нешто слатко или пак сте се откажале од пушење и сега сте зависни од колачи, еве нешто поздрава варијанта на домашни кекси.

0
293

Состојки:

1 пакување путер од кикирики

1 јајце

250 г брашно (по ваш избор – ни снема спелтино, па ги направивме со обично бело брашно)

50 г кафеав шеќер

100 г мед (може и само шеќер или само мед)

1 лажичка екстракт од ванила

1/2 лажичка прашок за пециво

1/2 лажичка сода бикарбона

Ако ви е премногу густа смесата, капнете малку кисела вода или млеко

Приготвување:

Измешајте ги состојките со миксер а потоа би требало смесата да биде погодна за да можете со рака да обликувате топчиња.

Ставајте ги во тепсија за печење обложена со хартија и со вилушка притиснете го секое топче во две насоки за да се добијат шари, но и за да ги сплеснете колачите и да добијат форма на кекси.

Се печат околу 10 минути, на 170 степени, а од оваа смеса ќе добиете 25 кекси.