Домашни њоки: Единствен рецепт и совети за совршени њоки!

Иако изгледа дека се едноставни за правење, постојат неколку работи заради кои може да не ви излезат како што треба. Важно е да знаете дека тие мора да се воздушести и полни со дупчиња, наместо набиени и тврди. Еве како:

0
394

Прво запомнете ги советите, а потоа прочитајте го и рецептот за содвршени домашни њоки.

  1. Компирите секогаш варете ги во лушпа, а кога лушпата ќе се распука тоа значи дека се варени.
  2. Настојувајте да го избегнете подготвувањето на компирите со гмечење. Подобро е да употребите ренде за да добиете воздушести њоки.
  3. Важно е со помош на вилушка да направите прорези на њоките затоа што во тие вдлабнатини се задржува сосот што ќе го подготвите за нив.
  4. Варете ги во добро посолена вода додека не испливаат на површината. Тогаш значи дека се готови.
  5. Ако ги замрзнувате, распоредете ги на набрашнет сад кој го собира во замрзнувачот и покријте ги. Важно е да не се допираат.

Рецепт за домашни њоки

Состојки:

5 компири

170 г брашно

1 жолчка

сол

Приготвување:

  1. Сварете ги компирите. За ова ќе ви требаат околу 45 минути. Откако ќе се сварат, излупете ги и изрендајте ги, па додадете ги жолчката, солта и брашното. По потреба додадете уште брашно.
  2. Откако ќе го замесите тестото, поделете го на помали топчиња и секое топче расукајте го во долгнавеста форма, како „змија“.
  3. Со нож исечете го тестото на саканата големина.
  4. Со вилушка направете ребрест отисок на њоките.
  5. Редете ги во набрашнет сад. Сега њоките можете и да ги замрзнете или веднаш да ги варите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here