Доматите ги ублажуваат симптомите на астмата

Исхраната богата со антиоксиданси ја намалува зачестеноста на астмата, покажале резултатите од истражувањето на австралијанските научници.

0
146

Студијата на австралијанските научници која покажала дека исхраната богата со антиоксиданси ја намалува зачестеноста на астмата, особено се занимавала со влијанието на доматите врз здравјето, затоа што тие содржат многу моќен антиоксиданс – ликопен.

Практична потврда за ова лекарите добиле после седумдневен експеримент со 30 пациенти заболени од астма. Испитаниците прво добивале храна во која нивото на антиоксиданси било занемарливо, а потоа консумирале екстракт и други производи од домати богати со ликопен. Добиените резултати покажале дека суплементите со ликопен ги ублажуваат симптомите кои се јавуваат кај заболените од астма, такашто заклучок на стручњаците е дека би требало да бидат вклучени во терапијата на луѓето кои страдаат од оваа болест.

Ликопенот е каротеноид кој се наоѓа во обвивката на доматите. Тој исто така ја намалува можноста од заболување од рак на простата и појава на тумор на желудник. Кожата ја штити од УВ зраци и ја подготвува за сонце. Има четири пати поголемо антиоксидативно дејство од бета-каротенот. Освен во доматите, ликопен има и во лубениците и во црвениот грејпфрут.

Затоа, навалете на домати додека е сезона, а во зима може да ви биде од полза супа или сок од домати.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here