Две милијарди луѓе на светот се хранат со инсекти

Експертите веруваат дека инсектите можат да бидат важен извор на здрава исхрана, но и решение на проблемот со недостиг на храна. Во Хрватска веќе постои првата фарма за инсекти наменети за исхрана на луѓето.

0
61

До 2050. година на светот ќе има повеќе од 9 милијрди луѓе, а тоа значи дека ќе се зголеми и побарувачката за месо, како и неговата цена. Проблем е што начинот на кој се консумира месото денеска не е одржлив. Производството на месо е една од главните причини за прекумерна емисија на јаглерод, премногу вода се користи за напојување на добиток, а дури на една третина од нивите се одгледува сточна храна.

Кои се алтернативите? Револуција во производството и потеклото на месото – ин витро месо, имитација на месо од растенија и одгледување инсекти. Некои истражувања предвидуваат дека нивото на емисии на стакленички гасови може значително да се намали ако го замениме месото што го јадеме со инсекти, а со тоа и би ослободиле милиони хектари земјиште. Британскиот Гардијан уште во 2014. напиша дека престанувањето со јадење говедско месо ќе има поголемо влијание врз заштитата на животната средина отколку да се запре возењето автомобили, а се пишуваше и дека одгледувањето на инсекти за храна ќе ослободат 4.150 милиони хектари земјиште.

Науката и технологијата стасаа дотаму што постои лабораториска крвав бургер направен од растенија или говедски ќофтиња од животински клетки, а некогаш обичните фарми се претвораат во фарми за јадливи инсекти.

На пример, во Хрватска веќе постои фарма за инсекти која ја води Даниел Пикл. Тој е голем поборник на исхраната со инсекти и вели дека се тие вистински протеински бомби.

Според податоците од Обединетите нации, инсектите се добра алтернативна исхрана за во иднина. Содржат вредни протеини, а еколошкиот биланс на тоа производство е одличен – два килограми храна се претвараат во еден килограм протеини.

Промоторите на инсектите како прехранбени производи наведуваат дека е тоа храна со малку холестерол и маснотии, а богата со протеини.

Според една студија, еден мал скакулец во неговото тело содржи 20 проценти белковини и само шест отсто масти. Колку за споредба, говедското месо има 24 проценти протеини, а околу 20 проценти отпаѓаат на мастите. Научниците тврдат дека скакулците се богати со калциум, термитите со железо, а гасениците се добар извор на бакар и рибофлавин.

Експертите од ЕУ велат дека до 2020 година, инсектите ќе ги купуваме нормално во супермаркетите и ќе ни биде чудно зошто мнозинството во изминатите години не сакале да ги јадат. ТИе велат дека инсектите се биолошки слични со раковите и потсетуваат дека и при појавата на модриот домат и сушито постоеле скептици кои не верувале дека овие производи може да станат дел од редовната исхрана.

Фото: Pixabey