Две опасни грешки во исхраната

Веќе некое време се зборува дека одредени намирници – шеќерот, обработената храна и црвеното месо – го зголемуваат ризикот од заболување од рак, но досега не беше познато дека опасност се јавува и кај оние кои не внесуваат доволно млечни производи и цели житарки.

0
494

Ново истражување покажало дека две многу специфични грешки во исхраната се поврзани со заболувањето од рак – консумирање на премалку млечни производи и премалку цели житарки.

Научниците додаваат дека и консумирањето премногу црвено месо, обработено месо, шеќери и засладени напитоци исто така можат да бидат причина за рак.

Оваа студија објавена во стручниот журнал JNCI Cancer Spectrum, открила дека исхраната е можна причина за околу 80.000 случаи инванзивен канцер во 2015.година кај возрасните во Америка.

Веќе некое време се зборува дека одредени намирници – шеќерот, обработената храна и црвеното месо – го зголемуваат ризикот од заболување од рак, но досега не беше познато дека опасност се јавува и кај оние кои не внесуваат доволно млечни производи и цели житарки.

Исто така, стручњаците утврдиле и кои облици на рак најчесто се појавуваат како последица од лошата исхрана – во 2015. година 38 отсто од случаите поврзани со заболувања од колоректален канцер се поврзани со лошата исхрана, како и 25,9 отсто случаи на канцер во устата, ждрелото или грлото.

Со студијата е утврдено и дека околу 16 отсто од овие канцери поврзани со лоша исхрана, се поврзани и со дебелината, а не само со исхраната.

„Исхраната е еден од факторите на кои лесно може да се влијае поради превенција од рак“, вели водечкиот автор на студијата д-р Фанг Фанг Жанг.

„Овие резултати покажуваат дека е многу важно да се подобри внесот на клучните групи намирници и нутриенти“.

Резултатите од ова истражување сугерираат дека најдобар начин за намалување на ризикот од заболување од рак е здравата, балансирана исхрана, која подразбира консумирање на сите групи намирници. Тоа е посебно важно да се нагласи затоа што дитетите кои наложуваат „исфрлање“ на цели групи на намирници се сѐ попопуларни.

Фото: Pixabey