Едноставен леб со тиквички

Искористете ја сезоната на тиквички која веќе се ближи кон крајот. Од нив можете да направите генијален појадок, како што е овој леб со тиквички. Се прави за 10 минути.

0
158

Иако ни се обично достапни целата година, сега се уште можете да најдете најубави тиквички одгледани во нечија градина. Одлични се за вашиот крвоток и за системот за варење, а се многу едноставни за подготвување и лесно се комбинираат со други намирници.

Од тиквички можете да направите генијален појадок, како што е овој леб со тиквички. Се прави за 10 минути.

Состојки:

1 чаша интегрално брашно (чаша од 2 дцл)

2 чаши бело брашно

2 лажички сол

2 лажички шеќер

1 сув квасец

3 јајца

½ чаша маслиново масло

Две чаши рендани тиквички

Приготвување:

  1. Помешајте ги сувите состојки
  2. Посебно изматете ги јајцата и маслиново масло па додадете ги сувите состојки.
  3. Тестото префрлете го на работната маса и малку премесете го. Доста е лепливо, но не му додавајте премногу брашно туку само префрлете го калапот обложен со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 1 час.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here