Едноставен оброк од лубеница и сирење

Еве еден оброк што може да ви послужи како здрава и вкусна ужинка, а да не излезе дека само сте исекле лубеница и сирење

0
59

Овој оброк се прави од две едноставни состојки чија комбинација е одамна испробана како една од највкусните летни варијанти. Со неколку додатоци, ќе добиете малку поинаков и уште поосвежителна ужинка.

Состојки:

1 помала лубеница

120 г козјо сирење исечено на тенки парчиња

1 лажица мед

1 лажица сок од лимон

Рендана кора од пола лимон

3-4 ливчиња нане исечкано на тенки ленти

Приготвување:

  1. Одвојте ја лубеницата од кората и со помош на калап за колачи или капаче од тегла исечете тркалца. Ставете ги во пластична чинија и во замрзнувач додека не дојде време да ги послужите.
  2. На поголема чинија ставете во слоеви парчиња лубеница и парчиња сирење.
  3. Во помала чинија помешајте мед и сок од лимон и мешајте додека свете состојки не се соединат. Прелијте ја оваа смеса врз лубеницата и сирењето со рендана кора од лимон и ливчиња нане. Веднаш послужете.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

three × three =