Енергетските пијалоци можат да предизвикаат срцеви проблеми

Дали ризиците од енергетските пијалоци се поголеми од придобивките? Изгледа дека е токму тоа заклучок од новото истражување објавено во Journal of the American Heart Association: Енергетските пијалоци може да предизвикаат проблеми со срцето. Еве како да ги замените со природни енергенси

0
61

Енергијата е денеска жешка стока“. Потрошувачите се привлекуваат со производи кои се промовираат како енергетски засилувачи, од барови до бомбици, шатови и многу напитоци. Само продажбата на енергетски пијалаци во САД постепено се зголемуваше помеѓу 2015 и 2018 година, со годишна продажба од над 3 милиони долари.

Но, дали ризиците од енергетските пијалоци се поголеми од придобивките? Изгледа дека е токму тоа заклучок од новото истражување објавено во Journal of the American Heart Association. За потребите на студијата, здрави, млади учесници консумираат 32 унци (960 мл) од еден од два вида енергетски пијалаци или безкофеински, плацебо, без стимуланси. Пијалоците биле завршени во период од еден час во три одделни денови, со шестдневна пауза меѓу секој.

Научниците откриле дека енергетските пијалоци ја менуваат електричната активност на срцето на учесниците и го зголемуваат крвниот притисок. Промените во срцата на испитаниците, кои се однесувале на срцевите комори што се стегаат и релаксираат, генерално се сметаат за благи. Но, авторите на студијата велат дека луѓето со срцеви болести или оние кои земаат одредени лекови, со консумирањето на енергетските пијалаци, би можеле да бидат изложени на зголемен ризик.

Во претходните истражувања, потрошувачката на енергетски пијалаци била врзана за несакани ефекти, вклучувајќи покачен крвен притисок, неправилен срцев ритам, напади, мозочен удар и срцев удар. Една студија сугерираше дека кај здрави млади возрасни луѓе, еден енергетски пијалок од 24 унци (720 мл) може да ја наруши функцијата на крвните садови.

Еден проблем со енергетските пијалаци е тоа што тие често содржат кофеин, покрај еден или повеќе дополнителни стимуланси, како што се женшен и гуарана. Овие билки можат да имаат синергиска интеракција со кофеинот, што значи дека комбинираниот ефект е поголем од влијанието на секој од нив одделно.

Во крајна линија: Не се препорачуваат енергетски пијалаци за никого, вклучувајќи ги и спортистите и здравите млади луѓе. Покрај потенцијалните негативни ефекти, енергетските пијалаци ги маскираат симптомите на замор, кои се сигнали дека вашето тело е надвор од рамнотежа.

Поздрави начини за зајакнување на вашата енергија

Кога станува збор за вашето ниво на енергија, некои од најважните фактори се спиењето, исхраната, хидратацијата, управувањето со стресот и физичката активност. Дури и малите поместувања можат да направат разлика.

На пример, настојувајте да имате повеќе и подобар квалитет на спиењето – дури 30 до 60 минути повеќе за една ноќ, за почеток. Откажете се од повеќе производи и заменете ја високо преработената храна со свежи алтернативи. Одберете ја водата за свој пијалок и распоредете 2 литри вода кја ќе ја испиете во текот на денот. Пробајте бесплатна, пет-минутна апликација за водење на медитација за да си помогнете во справувањето со стресот. И, најпосле, пронајдете начини да се движите повеќе, дури и ако тоа едноставно значи да одите на прошетка околу зградата во која живеете.

Ако сѐ уште се чувствувате како да ви треба инстант енергетски поттик, обидете се со зелен чај или мача. Тие создаваат чувство на смиреност поради природната супстанција во чајот наречен l-theanine, што предизвикува релаксација без поспаност. Само не заборавајте да ги избегнувате додатоците кои можат да ја убијат енергијата, како што се вишокот шеќер, вештачките засладувачи и конвенционалните млечни производи.

Но, шест часа пред спиење, престанете да пиете било каков извор на кофеин за даги одбегнете потешкотиите со спиењето. И запомнете дека клучот за одржлива енергија е одржувањето на телото и умот во рамнотежа.

Наместо по брз лек во конзерва, посегнете по една чаша вода и излезете надвор неколку минути. Или земете закуска со јаболко и путер од бадем, или зеленчук со хумус, наместо шеќер. Преземете ги овие мали чекори и тие ќе доведат до тоа да добиете повеќе енергија, и денеска и во иднина – без вештачки стимуланси.

Фото: Pixabey