Еве зошто треба да ги јадете лушпите од јајца, наместо да ги фрлате (ВИДЕО)

Лушпите од јајца се 95 отсто калциум карбонат, а секоја лушпа од јајце содржи во себе околу 2 грама калциум што е 2 до 4 пати од дневната препорачана вредност што му е потребна на нашиот организам.

0
849

Ако досега сте ги фрлале лушпите од јајцата, престанете. Наместо тоа, употребете ги како додаток во исхраната.

Лушпите од јајца се 95 отсто калциум карбонат, а секоја лушпа од јајце содржи во себе околу 2 грама калциум што е 2 до 4 пати од дневната препорачана вредност што му е потребна на нашиот организам.

Но немојте да ги јадете сирови. Прво треба да ги сварите за да ги уништите потенцијалните бактерии што може да ги содржат, потоа исцедете ги па ставете ги во загреана рерна околу 15 минути. Истолчете ги или ставете ги во блендер и смелете ги во прав.

Калциумот не само што е неопходен за да имате здрави коски, туку и нерви, мускули… Калциумот кој се наоѓа во лушпите е истиот оној калциум од кој се направени вашите коски и заби.

Според некои истражувања направени во Американскиот национален институт за здравје, правот направен од лушпите од јајца лесно се апсорбира во организмот и овозможува бројни здравствени придобивки меѓу кои е особено корисен за жените со остеопороза, но и за намалување на холестеролот и крвниот притисок.

Правот од лушпите можете да го користите како додаток во исхраната, во тесто за пица, во леб, во шпагети, но и во порција житарки или во смути.

Сепак, внимавајте со дозата затоа што и вишокот калциум е опасен за здравјето како и недостатокот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here