Eве зошто замрзнатото овошје и зеленчук се поздрави од свежите

Замрзнатото овошје и зеленчук, па и конзервираните, во некои случаи се поздрави заради поголемото ниво на витамин Ц, се резултатите на најновото истражување.

0
363

Научниците ги испитале нивоата на витамин Ц во малините, ананасот, морковите, грашокот и пченката шеќерец и утврдиле дека разликата помеѓу свежата и смрзнатата состојба се мали. Во некои случаи дури замрзнатата варијанта содржела повисоко ниво од овој витамин. Тоа повисоко ниво витамин Ц било посебно изразено кај смрзнатите малини и грашокот, додека свежите малини имале најниско ниво.

Речиси и нема разлика помеѓу смрзнатиот и свежиот ананас што се однесува до нивото на витамините, но двете варијанти содржеле повеќе витамини од конзервираниот. Ист е случајот и со морковите.

Научниците веруваат дека причината за тоа е што свежите производи  се префрлаат од голема оддалеченост и се оставаат во магацините и во продавниците долг временски период.

Во некои случаи, свежите јаболка и компирите можеле да се наберат дури и една година порано, а потоа да се држат во фрижидери со ниско ниво на кислород за ефикасно да се запре процесот на созревање и расипување.

Фото: Pixabay