Фантастичен рецепт за јакнење на имунитетот

Најдобро од сѐ е кога нешто што го пиете како лек е вкусно како десерт. Направете ја оваа златна комбинација, зајакнете го имунитетотот и уживајте во вкусот.

0
1054

Кајсиите се нискокалорично овошје богато со витамини А, Б2, Б3 и Ц, имаат 10 пати повеќе магнезиум од останатото овошје, бпгати се со калциум и железо, каротен…

Без оглед дали ги јадете суви или свежи, тие се одличен извор на влакна.

Истражувањата покажале дека некои состојки од сувите кајсии можат да го спречат растот на клетките на ракот. Сувите кајсии се природен лек за правилна работа на срцето, ја подобруваат работата на мозокот, видот, го нормализираат притисокот, одличен диуретик се.

Рецепт за јакнење на имунитетот

Состојки:

200 г суви кајсии

100 г суви сливи

100 г ореви

2 лажици мед

Приготвување:

Смелете ги кајсиите, сливите и излупените ореви. Додадете го медот и измешајте. Ставете ја смесата во стаглен сад и добро затворете ја. Чувајте ја во фрижидер и земајте наутро пред појадок и навечер пред да си легнете.

Фото: Freepik