Француско движење против хемикалиите

Пред неколку дена во Париз е воведена забрана за употреба на пестициди, а кон оваа забрана се придружиле уште четри француски градови. Да пробаме и ние?

0
42

Париз, заедно со уште четири француски градови, пред неколку дена вовеле забрана за употреба на пестициди на своите територии, во рамки на движењето против хемикалиите, кое почнало во селските делови од земјата и добива сѐ поголемо значење.

Северниот град Лил, Нант на запад, Гренобл на југоисток и централниот град Клермон Феран му се придружиле на Париз во спроведувањето на забраната, повикувајќи се на потребата за заштита на биолошката разновидност и јавното здравје во Франција.

Фото: Printscreen