Француска супа од кромид

Во рамките на манифестацијата „Денови на Франкофонијата во Македонија“, ресторанот Дистрикт организира и Денови на француската кујна во чии рамки ќе се презентираат богатиот француски вкус и префинетата француска гастрономија. Веројатно овие денови нема да поминат и без француската класика „Soupe a l'oignon“ кои некои ја нарекуваат супа над супите.

0
302

Деновите на француската кујна (од 21. до 26.март) се дел од глобалниот настан „Вкусот на Франција“ (Gout de France) во кој учествуваат преку 2000 ресторани од 150 земји, а Дистрикт бар и ресторан е единствениот ресторан во Македонија кој го поддржува ова големо случување.

Состојки:

10 дг стопен путер

4 главици црвен кромид

2 чешниња лук

1 ловоров лист

1 лажичка мајчина душица

сол и бибер по вкус

1 шолја црно вино

1,5 – 2 л вода со коцка за говедска супа

3 лажици брашно

1 багет

20 дг рендан кашкавал

Приготвување: 

  1. Растопете го путерот на слаб оган
  2. Додадете го исечканиот кромид, ловорот, мајчина душица, сол и бибер и динстајте околу 20 минути.
  3. Додадете го виното и намалете го огнот и варете додека виното не испари.
  4. Извадете го ловорот. Ставете брашно во кромидот и додадете ја супата па варете уште 10 минути.
  5. Пред да послужите префрлете ја супата во керамички сад, прекријте со кашкавалот и лебот и ставете да се запече во рерна.220

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

5 × five =