Француски лиснати чоколадни пецива

Ако сакате лиснато тесто, најдобро е да си го направите сами, да го замрзнете и да го вадите секогаш кога ќе посакате брз појадок, вечера или мезенце. Се прави долго, но трудот се исплати. Ниту едно тесто не е добро колку домашното

0
179

Состојки:

12 г свеж квасец (отприлика една четвртина коцка)

200 мл вода

100 мл млеко

600 г брашно

80 г шеќер

250 г путер

1/2 лажичка сол

Околу 200 г црно чоколадо

Состојки за премачкување:

1 јајце

1 жолчка

Прстофат сол

Приготвување:

  1. Разматете го квасецот во млака вода. Брашното, шеќерот, прстофат сол, 35 г омекнат путер и разматениот квасец измешајте ги во еден сад, па замесете тесто и додавајте малку по малку млеко додека не се добие меко и еластично тесто. Покријте го тестото и оставете го да нарасне околу час-час и половина додека не стане двојно поголемо.
  2. После истекот на ова време, премесете го тестото и ставете го во фрижидер уште еден час.
  3. Повторно премесете го, завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во замрзнувач на 30 минути.
  4. Во меѓувреме со миксер изматете го останатиот путер омекнат на собна температура со ½ лажичка сол. Извадете го тестото од фрижидер и расукајте го во правоаголен облик . На 2/3 од тестото намачкајте половина од путерот. Превиткајте го тестото такашто прво свиткајте 1/3 од тестото кое е намачкано, а потоа онаа третина која не е намачкана. Завиткајте го во проѕирна фолија па ставете го во замрзнувач на 30 минути, а потоа и на 1 час во обичен фрижидер.
  5. Повторете ја постапката со расукувањето на тестото и премачкајте со остатокот од путерот и ставете го повторно во замрзнувач, па во фрижидер.
  6. Расукајте го на дебелина од неколку милиметри и исечете правоаголни форми со димензии од 10x6cm. На потесната страна од правоаголникот поставете коцка чоколадо и завиткајте го тестото околу неа.
  7. Редете ги пецивата на голем плех од рерна на кој ќе ставите хартија за печење. (За оваа количина ќе бидат веројатно потребни две тепсии, но ако ви се премногу, можете пола од тестото да ставите во замрзнувач.) Оставете го тестото повторно да расте уште околу два часа, а потоа премачкајте го со мешавина од јајце, жолчка и сол.
  8. Печете ги во загреана рерна на 200°C околу 20 минути.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here