Генијален трик за печење риба

Освен риба на овој начин можете да печете и месо, а најдобро од се е што нема потреба за зејтин...

0
740

Ако сакате да испечете риба или месо без страв дека ќе се залепат за скарата или за тавата во која сакате да ги печете, а притоа не сакате да додавате премногу зејтин, искористете парчиња лимон.

Одберете поголеми лимони па исечете ги на тркалца. Наредете ги на решетката од скарата или на дното од тавата за печење и одозгора ставете ги рибата или месото. Освен што месото нема да се залепи, лимонот ќе му даде и одлична арома. Претходно поросете го и со омилените зачини како што се мајчина душица, оригано, црн пипер…

Наместо лимони можете да користите и главица кромид.
Ако печете риба во тава на дното можете да ставите дрвени стапчиња за раженчиња. Нема да се залепи за дното, а рибата ќе добие мирис на скара.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

3 + 2 =