Гравче тавче со суви пиперки, суво мевце и суво нане

Петок е ден за гравче! Да се јаде грав во петок подразбира да се јаде посен грав, ама ние го направивме како за во сабота, а дали ќе го јадеме денеска или утре...

0
179

Гравот со својот состав е супер замена за месо и веројатно е омилена храна на вегетаријанците во секој облик, и како салата и течно, и во тава, но нам ни е омилено последново. А кога во него ќе ставите и суво месо, суви везени пиперки и малку суво нане, па има ли подобра зимска гозба од оваа?

Состојки:

500 г грав

Суво месо по желба (ние ставивме суви ребра)

1 кромид

3 чешниња лук

Лут буковец по вкус

1 лажичка црвен пипер

Вегета, сол

Суво нане

Масло од тиква

Приготвување:

  1. Гравот е најдобро да се накисне во тенџере од вечер и сабајлето да го сварите во вода заедно со пиперките, кромидот и парчиња суво месо.
  2. Зачинете го по желба и префрлете го во тава. Додадете уште неколку пиперки затоа што овие ќе се распаднат во текот на варењето. Ставете нане и масло од тиква и печете околу 20 минути на 170 степени, односно, додека не испари водата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

19 − seventeen =