Гриз коцки со јагоди

Сезона е на јагоди па затоа искористете ги во сите можни варијанти

0
245

Состојки:

За гриз

1 л млеко

200 г гриз

140 г шеќер

3 лажици какао

140 г чоколадо
За кремот:

2 пудинзи од ванила

2 кесички ванилин шеќер

500 мл млеко

100 г шеќер

400 мл павлака за шлаг

500 г свежи јагоди

Шлаг по желба

Приготвување:

  1. Ставете го млекото да зоврие па додадете ги гризот, шеќерот и какаото и варете на средна температура.
  2. Тргнете од оган и додадете го чоколадото скршено на парченца и мешајте додека не се стопи.
  3. Земете тепсија (21 X 36 cm) и намокрете ја со вода, но немојте да ја бришете. Веднаш ставете го во неа врелиот гриз и распоредете го рамномерно и оставете го да се олади.
  4. Ставете да се вари дел од млекото за кремот. Остатокот измешајте го со пудингот, ванилиниот шеќер и шеќерот.
  5. Кога млекото ќе зоврие, додадете ја оваа смеса и продолжете да варите.
  6. Тргнете од оган, покријте со проѕирна фолија и оставете да се олади.
  7. Посебно изработете ја павлаката за шлаг.
  8. Изладениот пудинг малку изматете го со миксер, а потоа додадете го шлагот и соединете ја смесата.
  9. Измиените и исечкани јагоди полека измешајте ги во кремот.
  10. Се заедно распоредете врз гризот.
  11. По желба додадете шлаг.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here