Храна која можете да ја јадете во големи количини

Дури и ако сте на диета постојат намирници кои и натаму можете да ги консумирате во изобилие.

0
1781

Ако сте зависник од храна, односно, јадете дури и кога сте сити, а сакате да ослабнете, постојат намирници кои можете да ги консумирате без страв дека ќе се одразат врз вашата килажа. Станува збор за храна богата со влакна, но со малку калории, кои ќе ве заситат без ризик од дебелеење.

Составивме листа од 10 такви намирници. Сепак, ви препорачуваме да не претерувате со внесување на еднолична храна, туку да ја направите вашата диета поразновидна.

  1. Пуканки

Ако ги правите без путер, можете да уживате во нив колку пшто сакате. Стандардна порција (величина на една голема шолја) содржи само 31 калорија.

  1. Плав патлиџан

Порција пржен или печен патлиџан има 24 калории. Секако, под услов да не користите зејтин во неговото приготвување. Можете да го испечете во рерна на хартија за печење или во тефлонска тава на рингла во која ќе капнете малку маслиново масло.

  1. Портокали, мандарини и грејпфрут

Додека сте на диета не е препорачливо да се јаде премногу овошје, но не и во случај кога стануѕва збор за цитруси. Тие се богати со влакна, флавоноиди и витамин Ц. Овие овошја ќе ве заситат, ќе ви помогнат во варењето и ќе делуваат благотворно врзцрниот дроб и кожата и генерално, ќе ве направат поздрави.

  1. Јајца

Можете да ги јадете без страв дека ќе се здебелите. Варениуте јајца се подобри за вашата линија од пржените.

  1. Тиквички

Со 42 калории по порција, тиквичките се идеални за слабеење. Освен тоа, ќе го нормализираат односот на вода и сол во вашиот организам и ќе го подобрат функционирањето на цревата.

  1. Зелка, карфиол и брокули

Овој зеленчук е ваш најголем сојузник во борбата против вишокот килограми. Порција исечкана зелка има само 7 калории!

  1. Дињи и лубеници

Крички лубеница или диња имаат околу 65 калории, што не е премногу ако се земе предвид фактот дека се и тие понекогаш сосема доволни за да ве заситат.

Ова овошје помага, помеѓу другото, и за излачување на вишокот на течности од телото.

  1. Цвекло

Цвеклото е извор на многу витамини. Помага во согорувањето на мастите, изградбата на мускулите и регулација на шеќерот во крвта. Просечна порција содржи околу 40 калории.

  1. Зелена салата

Лист зелена салата има само 3 калории, такашто не е потребно да се води сметка колку ќе ги внесете во вашиот организам

  1. Краставици

Краставиците се неизбежен зеленчук за сите оние кои се на диета. Исто така, познати се и своето лековито дејство врз намалувањето на отоците.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here