Имаме одговори на прашањата поради кои почнавте да живеете во страв од храна

Дали кокосовото масло е толку нездраво како што се мислеше до неодамна или толку штетно како што тврдеше неодамна една научничка од Харвард, дали вегетаријанската исхрана е навистина поздрава, а авокадото толку здраво....тука се одговорите на овие, и на уште некои дилеми во врска со храната

0
134

Веруваме дека ретко се случува да прескокнете некој текст со наслов: дали црвеното вино е здраво или дали јајцата ни го уништуваат здравјето. Конечно ги најдовме одговорите на сите контроверзни прашања за храната на едно место.

Откријте колку има вистина во она што го знаевте досега за вашите омилени намирници.

Дали е црвеното вино добро за срцето?

Зада им помогнеме на пациентите во превенцијата на срцевите болести нема да им напишеме препорака секојдневно да пијат црвено вино, тврдат лекарите. Црното вино содржи ресвератрол – антиоксиданс кој го чува телото од оштетувања, но консумацијата на вино, особено прекумерната, може да предизвика бројни проблеми со здравјето.

На врвот од листата се ризикот од рак, срцеви болести, болести на црниот дроб и деменција. Постои многу поделотворен начин за зачувување на срцето, како што се редовното вежбање, здраата исхрана, непушењето,…

Дали јајцата се здрави?

Пред само неколку години кардиолозите ги имаа ставено јајцата на листата на лоша храна благодарение на холестеролот што го содржат. Сепак, научниците откриле дека холестеролот во храната нема прекумерно влијание врз нивото на холестерол во крвта. Неодамнешните истражувања повторно ги ставија јајцата под знак прашање кога станува збор за здравјето на срцето, но експертите за исхрана тврдат дека нема потреба да се исфрлаат од исхраната сѐ додека не се претера со нивната консумација.

Не треба да се плашиме од консумацијата на јајца, бидејќи тие се сметаат за најчиста форма на протеини. Тие ги содржат сите аминокиселини кои нашето тело не може да ги произведе само, туку ги добива преку храната што ја внесуваме. Жолчката и белката содржат бројни витамини, минерали и здрави количини протеини и масти. Жолчката е вистинска ризница на витамин Д, а најмногу протеини се содржани во белките. Експертите советуваат дека здравата исхрана вклучува конзумирање на едно јајце на ден.

Дали треба да консумираме храна без глутен?

Безглутенската храна е многу популарна, сепак, ако не ви е дијагностицирана целијакија или алергија на глутен, вашето тело нема да има корист од овој тип на диета. Глутенот е протеин кој го содржат некои јаглени хидрати, а кај одредени поединци може да предизвика послаба или посилна реакција на организмот. Секој друг може слободно да ја јаде оваа храна.

Ако ги исфрлите јаглените хидрати од исхраната, веројатно полесно ќе изгубите од телесната тежина, но ако тоа не ви е целта, не се мачете со глутенот, туку преминете на поздрава форма на јаглени хидрати, како што се житарките со цели зрна.

Дали вегетаријанската и веганската исхрана се поздрави од онаа која вклучува месо?

Ако вашата исхрана се базира единствено на храна од растително потекло или јадете само месо, во краток рок може да се почувствува подобрување на општата состојба во двата случаи. На пример, со кетогената исхрана која е богата со масти и сиромашна со јагленохидрати можат да се подобрат здравствените маркери и чувствителноста на инсулин. Од друга страна, исхраната богата со намирници од растително потекло го зголемува внесот на растителни влакна во организмот што има корисни ефекти врз здравјето.

Кога зборуваме за долгорочни позитивни ефекти – на вашиот организам, но исто така и на планетата – вегетаријанската диета сè уште победува. Се разбира, важно е да се води сметка да ги внесувате во организмот сите потребни хранливи материи. Исхраната богата со месо и сувомесни производи е поврзана со поголем ризик од рак.

Дали е вистина дека кокосовото масло е чист отров?

Минатата година многумина беа збунети од изјавата на научничката од Харвард, која предупреди дека кокосовото масло е многу токсична храна. Иако ова тврдење е малку претерано, треба да се биде внимателен со кокосовото масло.

Кокосово масло ѝ дава на храната, посебена арома, поотпорна е на високи температури од маслиновото масло, содржи среден синџир триглицериди, кои се многу полесно сварливи од другите масти … Од друга страна, ова масло содржи високо ниво на заситени масти поради што оние со висок холестерол треба да го избегнуваат или само повремено да го консумираат.

Дали треба да користиме вештачки засладувачи?

Не треба. Поточно, би требало да бидеме многу внимателни кога станува збор за шеќер и да ја намалиме неговата консумација на минимум.

Најдобро решение е да се избегнува слатка храна во било каква форма, но треба да се има на ум дека вештачките засладувачи може да бидат 700 пати послатки од шеќерот што во вашиот организам ќе се создаде уште поголема потреба за слатко. Такво сценарио треба да се избегнува ако сакаме да останеме здрави и во форма.

Дали е авокадото навистина здрава намирница?

Луѓето често го избегнуваат авокадото бидејќи содржи многу калории – на 29 грама дури 322 калории! И покрај тоа не би требало да се исфрли од исхраната, бидејќи истражувањата покажале дека консумирањето на ова овошје помага во одржување на ниско ниво на холестерол кај луѓе кои се со прекумерна тежина.

Авокадото е добар извор на незаситени масти, влакна и растителни стероли кои помагаат во одржување на ниско ниво на холестерол во крвта. Ако секој ден консумирате авокадо, избегнувајте храна која содржи поголема количина на заситени масти, како крем сирење, путер или црвено месо прошарано со маснотии.

Колку сол дневно треба да внесуваме?

Експертите советуваат дека дневното солење не треба да надминува 2.300 милиграми.

Важно е да се внесе потребната количина на сол во телото, бидејќи го одржува балансот на електролити во вашата крв. Премногу сол може да предизвика надуеност и зголемување на телесната тежина. На долг рок, може да предизвика посериозни несакани ефекти, како што е зголемен ризик од висок крвен притисок, мозочен удар, срцева слабост, бубрежни камења, остеопороза и бубрежно заболување.

Фото: Pixabey