Имате главоболки? Виновни се следниве видови храна

Оние кои што страдаат од мигрена велат дека црвеното вино, чоколадото или сирењето им предизвикуваат главоболка.

0
1694

Да, исхраната би можела да биде причинител за главоболки. На пример, луѓето кои што се чувствителни на подобрувачот на вкус моносодиум глутаминат, добиваат чувство дека главата им е стегната во пранги околу дваесет минути по внесот на оваа состојка. Моносодиум глутаминатот често се користи во кинеските ресторани, како и во праработената храна. Страничните ефекти од него исто така вклучуваат болка во синусите или под очите.

Атмосферските алергии се исто така одговорни за главоболките, како и млечните производи, овесот, цитроните или јајцата.

Апстиненцијата од кофеин исто така може да предизвика главоболки. Овие главоболки се карактеризираат со тапа и континуриана болка која што исчезнува веднаш штом ќе се напиете кафе. Од вавките главоболки можете да се ослободите така што постепено ќе го исфрлате кофеинот од вашиот организам.

Меѓу најлошите типови главоболка секако е мигрената. Мигрената не е само обична главоболка. Таа е пулсирачка болка, која што најчесто зафаќа само една страна од главата. Може да трае по неколку часа, а понекогаш и со денови. Заедно со главоболката, некои луѓе чувствуваат мачнина и добиваат нагон за повраќање.

Мигрена предизвикуваат одредени видови храна, стресот, недостигот од сон, гладот, менструалниот циклус, метеоролошките промени, промените во осветлувањето, или други сензорни појави.

Кои типови на храна се поврзуваат со појавата на мигрена?

Оние кои што страдаат од мигрена велат дека црвеното вино, чоколадото или сирењето им предизвикуваат главоболка. Истражувачите ги подложиле пациентите со мигрена на рестриктивна диета и постепено им додавале одредени продукти во исхраната. Според резултатите од ваквото истражување, откриени се неколку продукти кои што најчесто предизвикуваат напади на мигрена. Во тие продукти спаѓаат: јаболката, бананите, чоколадото, цитроните, пченката, млечните производи, јајцата, месото, јаткастите плодови, кромидот и овесот.

Треба да се потенцира дека овие продукти не се штетни за здравјето, но како што некои луѓе се алергични на јагоди и ги избегнуваат, истото важи за храната која што предизвикува мигрени.

Исто така и некои пијалаци предизвикуваат главоболки. Овде спаѓаат сите видови алкохол, пијалаците со кофеин и вештачки обоените и засладени пијалоци.

Од друга страна, пак, некои типови храна скоро никогаш не предизвикуваат мигрена: кафениот ориз, варениот зеленчук или сушеното овојшје.


Како да утврдам која храна ми предизвикува главоболка?

Со цел да урврдите која храна не ви годи, исфрлете ги од исхраната сите горенаведени предизвикувачи на мигрена, заедно со пијалаците во времетраење од околу десет дена.

Штом ќе ви исчезне мигрената, враќајте ги исфрлените продукти во вашата исхрана еден по еден, на секои два дена. Јадете поголема доза од секоја состојка за да видите дали ќе ви предизвика мигрена. Доколку ви предизвика главоболка, престанете да го јадете, ако не – слободно вратете го тој продукт во вашата исхрана.

Доколку ништо не помага, купете од аптека суплемент на база на камилица кој делува превентивно на мигрената. Истражувањата покажуваат дека мигрените се намалуваат, а камилицата нема несакани ефекти.

Дали нешто друго освен храната ми ги предизвикува главоболките?

Најчест причинител на главоболки е стресот. Главоболките предизвикани од стрес не се пулсирачки како мигрената, туку ги чувствуваме како тапа и постојана болка во двете страни од главата. Најдобриот третман против оваа главоболка се одморот и релаксацијата. Дишете побавно и опуштете ги мускулите на вратот и рамењата. Замислете си како тензијата ви ги напушта мускулите секој пат кога издишувате. Доколку главоболките предизвикани од стрес се јавуваат често, дозволете си адекватен одмор и физички вежби.

За крај, бидете свесни дека главоболките можат да бидат индикации за посериозни проблеми. Доколку имате остра и упорна главоболка која не поминува, појдете на лекар, особено ако главоболката ви е придружена со треска, болка во вратот и грбот или некои други невролошки симптоми.

 Подготви: Јана Колева

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

nineteen − three =