Интегрални кифлички со ленено семе

Ако сакате да си играте со тесто, не мора да го следите овој, ниту кој било друг рецепт, туку терајте си по свое...се додека во тестото има брашно, јајце, квасец и вода, не можете да промашите

0
371

Состојки:

800 г брашно (500 г интегрално, 100 г бело и 200 г р’жано брашно)

300 мл вода

1 јајце

1 лажичка сол

1 лажичка шеќер

1 прашок за пециво

1 сув квасец

3 лажици ленено семе

4 лажици зејтин

Ким за поросување

Жолчка за премачкување

Путер

За филот:

Белка од 1 јајце

Урда или сирење

Босилек, оригано

Приготвување:

  1. Замесете го тестото мешајќи ги сите состојки
  2. Од тестото направете три топчиња и оставете ги покриени со крпа на топло додека го подготвувате филот такашто ќе ја измешате урдата или сирењето со белка од јајце и ќе додадете од зачините по ваш вкус.
  3. Секое од топчињата расукајте го во кора па со нож расечете ја и поделете ја кората на 16 триаголници. Во секој од триаголниците ставете по една лажичка од филот и обликувајте кифлички.
  4. Наредете ги кифличките во тепсија во која ќе ставите хартија за печење. Премачкајте ги со жолчката, наросете по малку ким и ставете врз секоја кифличка по мало парченце путер.
  5. Печете ги околу 20 минути во загреана рерна на 200 степени.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

5 + seven =