Исфрлањето на јаглехидратите од исхраната е лекомислено и опасно

Целосното исфрлање на намирници кои содржат јаглехидрати од исхраната не само што е лекомислено, туку може да биде и опасно за нашето здравје. Ако сте го направиле тоа, бидете подготвени за овие непријатности

0
559

Многу од нас кога ќе го слушнат зборот јаглехидрати, веднаш помислуваат на сета храна која не би смееле да ја јадат како што се белиот леб, рафинираните житарки, тестенините, компирите…

Со оглед на тоа што исхраната која содржи многу јаглехидрати може да го зголеми ризикот од дебелина и дијабетес, може да разбереме ако сте одлучиле целосно да ги исфрлите од исхраната јаглехидратите.

Проблемот е во тоа што ова не е целосно добра идеја. На телото му се потребни јаглехидрати за да може да функционира.

Според диететичарката и нутриционистка Бриџет Марфи од Болничкиот центар Langone при Универзитетот во Њујорк, би требало да внесувате помеѓу 200 и 400 грама јаглехидрати на ден.

Во спротивно, доколку целосно ги исфрлите, на вашето тело можат да му се случат не толку пријатни нешта.

Здивот би можел да ви се влоши

Познато е дека диетите со малку јаглехидрати предизвикуваат лош здив. Тоа се случува затоа што телото почнува да произведува кетони кога ќе му го одземете неговиот префериран извор на енергија – глукозата.

Устата ќе ви се суши

Кетоните можат да ви ја сушат устата и да бидете жедни. Рехидрацијата со вода може да помогне, но не е секогаш најлесното и наједноставното решение.

Веројатно ќе се чувствувате исцрпено

Јаглехидратите му го даваат на телото горивото што му е потребно. Ако ја намалите количината на гориво во телото, вашето тело мора понапорно да работи за да ги издржи дневните напори. Заради тие дополнителни напори и недостаток на гориво, ќе се чувствувате поуморно. Намалувањето на внесот на јаглехидрати може да предизвика и пад на нивото на шеќер во крвта што може да придонесе за недостаток на енергија.

Може да ви се слоши

Од недоволно внесување јаглехидрати и губење на важни нутриенти преку урината може да ви се слоши.

Веројатно ќе имате запек

Многу јаглехидрати, како целовитите житарки, овошјето и зеленчукот се одличен извор на влакна. Во недостаток на јаглехидрати, а со тоа и на влакна, може да добиете запек.

Вашите бубрези многу ќе се мачат

И во овој случај проблемот лежи во кетоните.

Тие се многу кисели, а ако во телото пуштате кетони и тоа ќе стане кисело. Тоа може да доведе до создавање на бубрежни камчиња, а може да доведе дури и до губење на коскената маса.

Почесто импулсивно ќе јадете

„Кога сме уморни, под стрес или само сме многу гладни, нашето тело бара шеќер зашто тој брзо делува и релативно е лесно да се дојде до него“, вели Марфи. Знаете дека не е решение да се изеде кутија кекси, но колку повеќе си велите дека нешто не смеете, повеќе ќе го сакате тоа.

Генерално гледано, ќе ви биде тажно во животот

Зошто би си набивале толку притисок и стрес во животот?

Зошто да се мачите толку? Освен ако лекарот не ве предупредил дека мора да внимавате на внесот на јаглехидрати, не се оптоварувајте толку.

И не заборавајте дека храната е нешто во што треба да се ужива. Ако ѝ пристапите на исхраната поопуштено, ќе се чувствувате подобро и ќе имате повеќе време за да се сконцентрирате на здравјето и на поразумни начини за губење на килограмите.

Фото: Pixabey