Италијанските супермаркети ќе ја донираат непродадената храна

За возврат на супермаркетите ќе им се намалат даноците, во зависност од тоа колку придонеле во добротворни цели.

0
382

Италија, по стапките на Франција, подготви закон со кој на супермаркетите им се наложува да ја донираат непродадената храна за добротворни цели, објави „Ла република“.

Предлог-законот доби поддршка од пратениците во Долниот дом на парламентот и се очекува деновиве да се гласа во Сенатот.

За разлика од Франција, која ги казнува супермаркетите што ја трошат храната, Италија сака да ги стимулира бизнисите да донираат храна и да помогнат на државата да го реши проблемот со отпадот.

Според информациите презентирани во медиумите, италијанските барови, ресторани или самопослуги кои сакаат да донираат храна, мора претходно да се пријават. За возврат, со новиот закон ќе им се намалат даноците, во зависност од тоа колку бизнисите придонеле во добротворни цели.

Покрај тоа, 17 членови во предлог-законот се однесуваат на измена на регулативата за безбедност на храната, дозволувајќи им на фирмите да донираат храна и по истекување на рокот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here