Јагоди ли се јагоди, гурмански маки големи…

Направете салата со јагоди, рукола и пршут. Значи, јагоди во секаква па и во солена комбинација.

0
139

Како на вратот гердани
ниски јагоди црвени

Како на сонце изникнале

така на чинија легнале

Јагоди ли се јагоди

Гурмански маки големи…

Состојки:

250 г јагоди

150 г рукола

100 г фета сирење

100 г пршут

Свеж босилек

Свежо мелен црн пипер

Оцет балсамико

Приготвување:

  1. Измијте ја руколата. Фета сирењето исечете го на коцки и искинете ги ливчињата босилек. Јагодите исчистете ги и исечете ги на четвртини.
  2. На чинија ставете ја руколата и пршутот. Распоредете го сирењето и ливчињата босилек, додадете ги јагодите, зачинете со црн пипер и прелијте со оцет.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here