Kомбинацијата е чудна но велат, болката исчезнува

Поблагите облици на ишијас обично поминуваат сами од себе, но за потешките случаи често умеат да помогнат и народните лекови. Еден од попопуларните рецепти за олеснување на тегобите е млекото со лук.

0
781

Според статистиките, неиздржливата болка во грбот е на прво место кога станува збор за причините поради кои луѓето отсуствуваат од работа. Околу 80 отсто од луѓето, без оглед на возраста, во еден момент од животот ќе почувствуваат неиздржлива болка во овој дел од телото.

Еден тип на болки во грбот, ишијас, е посебно болен, а се случува поради притисок или дразба на еден од петте р’бетни корени на нервите кои заедно го сочинуваат ишијадичниот нерв.

Поблагите облици на ишијас обично поминуваат сами од себе, но за потешките случаи често умеат да помогнат и народните лекови. Еден од попопуларните рецепти за олеснување на тегобите е млекото со лук.

Звучи чудно и не многу вкусно, но страдалците се колнат дека делува.

Рецепт за млекото со лук:

4 здробени чешниња лук

Шолја млеко

Мед по вкус

Приготвување:

Ставете ги лукот и млекото во тенџере и почекајте да проврие на тивок оган, постојано мешајќи. Кога ќе проврие, тргнете го од ринглата, почекајте да се подизлади и заблажете го по ваш вкус. Бидејќи лукот ја разредува крвта, оваа мешавина не би требало да ја пиете повеќе од еднаш дневно, но и тоа е сосема доволно за да ви ги олесни болките.

Фото: Pixabay

loading...