Кадаиф ли е кадаиф…

Нашата редовна читателка Викторија Симиќ вели дека кога ќе добие „напад“ за благо, лекот ѝ е само кадаиф, а најдобар е, вели таа, оној од пазарот Тафталиџе.

0
133

Состојки:

1 пакување кадаиф

200 г путер + за подмачкување на тепсијата

350 г ореви (или повеќе, по ваш вкус)

1 лимон

900 г шеќер

900 мл вода

Приготвување:

Тепсијата се подмачкува. Путерот се топи. Потоа се кине по малку од кадаифот и се реди еден слој во тепсијата. Одозгора се ставаат искршени оревчиња и по малку се попрскува со стопениот путер. Така се реди додека не се потроши кадаифот. Најгоре се расфрлаат цели јатки ореви и се става во загреана рерна на 150 степени околу пола час.

Во меѓувреме се вари шербет од 900 г шеќер и 900 мл вода и лимон излупен и исечен на тркалца.

Кога ќе се испече кадаифот се остава да се подизлади, а истото се прави и со шербетот. Кога се млаки и едното и другото, се прелива кадаифот со шербет и се остава да впие (додека можете да издржите).