Какао-куглоф со урми, суво грозје и портокал

Кога ќе ви се пријаде нешто благо, а не сакате да губите часови и часови во кујната, направете некоја верзија од популарниот куглоф. Гледајте да не е премногу благ па наместо шеќер, ставете урми и евентуално, голема лажица домашен пекмез.

0
380

Состојки:

2 шолји интегрално брашно

1 шолја бело брашно

3 јајца

2-3 лажици какао

1 шолја јогур

½ шолја зејтин

1 прашак за пециво

1 ванилин шеќер

1-2 лажици пекмез од сливи

Малку рендано црно чоколадо

Суво грозје натопено во мало филџанче рум

7-8 исечкани урми

Цимет, ѓумбир, каранфилче, морско оревче

По желба можете да додадете 1 лажица кафеав шеќер

Сок од пола портокал

Рендана кора од портокал

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени и подгответе го калапот за куглоф такашто ќе го премачкате со зејтин и ќе го попрскате со брашно за да не се лепи.
  2. Во длабок сад за матење, изматете ги јајцата со ванилиниот шеќер, па додавајте ги полека јогуртот и зејтинот, а потоа и двата вида брашно, какаото, зачините и прашакот за пециво.
  3. Откако се убаво ќе изматите, додадете ја кората и сокот од портокал, сувото грозје со румот, исечканите урми, 1-2 лажици пекмез и малку рендано црно чоколадо.
  4. Печете околу половина час, почекајте да се олади и превртете го колачот во чинија.
  5. Сервирајте со парчиња портокал.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here