Како бојата на чинијата влијае на апетитот

Научниците откриле едноставен метод кој би можел да помогне при слабеењето, а станува збор за бојата на чините.

0
59

Бројни луѓе се борат со прекумерна тежина и се обидуваат на многу начини да ослабнат. Со физичката активност и бројните диети самиот процес на слабеење може да биде многу тежок и долготраен.

Научниците откриле едноставен метод кој би можел да помогне при слабеењето, а станува збор за бојата на чините.

Професорот по експериментална психологија Д-р Чарлс Спенс од универзитетот Оксфорд вели дека бојата на чиниите има големо влијание на сетилото на вкусот. Ако јадеме брза храна послужена на чинија со црвена боја, ќе јадеме помалку затоа што црвената боја предизвикува впечаток на опасност. Ако јадеме храна која е послужена на чинија со бела боја, таа ќе ни изгледа послатка и ќе можеме да уживаме во десертот без додавање на голема количина шеќер.

Во 2011.година направена е студија во која учесниците јаделе мус од јагоди послужен на бели и на црни чинии. Оние кои јаделе храна послужена на бели чинии, сметале дека е мусот повкусен отколку оние на кои тој им бил послужен на црни чинии.

Заради белата боја можеме да ја видиме храната подобро и на тој начин се активираат сеќавања на слатки гастрономски искуства. Мозокот ја памти храната што сме ја јаделе, како и бојата на чинијата.

Д-р Спенс се надева дека производителите ќе употребуваат што помалку шеќер во своите производи при што нема да мораат да ги менуваат вкусовите затоа што тоа ќе може да се постигне со помош на бојата на амбалажата. Готовите јадења се јадат веднаш од амбалажа. Ако храната биде послужена на бела подлога и ако се намали количината на шеќер во неа, луѓето би имале впечаток дека ја јадат истата храна како и претходно. На тој начин би имале впечаток на слаткост, а не би внесувале голем број калории.

Колку е поголем контрастот помеѓу бојата на храната и чинијата, толку луѓето ќе јадат помали порции.

Фото: Pixabey