Како да добиете утринска доза на енергија?

Денеска кога сите рецепти ни се лесно достапни, се крева свеста за квалитетниот начин на исхрана со здрави и хранливи намирници како што е и авокадото. Еве одлична идеја за почеток на уште еден напорен ден

0
391

Авокадото е една од нутритивно најбогатите тропски овошја, исклучително здрава намирница која вашиот оброк ќе го збогати со здрави масти. Освен тоа, авокадото е полно со калиум и магнезиум, две хранливи состојки кои помагаат за намалување на крвниот притисок. Тостот со авокадо и јајца на око е гурмански хит број 1, а во комбинација со малку чили ќе ви овозможи енергетски богат појадок во кој ќе уживате како вистински хедонист.

Состојки:

2 јајца на око
интегрален леб
1 лажичка сок од лимон
1 авокадо
малку сол и црн пипер
чили пиперчиња

Приготвување:

1. Направете ги јајцата на око (најдобро е да бидат поширани или испечени во тавче за палачинки со многу малку путер)
2. Излупете го и згмечете го авокадото и додадете сок од лимон, сол и црн пипер.
3. Намачкајте ја смесата на секоја кришка леб и одозгора ставете по едно јајце на око, украсете по желба со магдонос, копа или босилек и се разбира, малку чили.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

eighteen + 16 =