Како да ги отстраните пестицидите од овошјето и зеленчукот?

Стручњаците велат дека мешавината од обичен алкохолен оцет и вода, може да отстрани 98 отсто од бактериите и повеќето пестициди од намирниците.

0
1121

Повеќето производи што ги купуваме се третирани со пестициди. Некои видови на овошје и зеленчук се повеќе третирани од останатите, особено ако станува збор за сезонско овошје кое е третирано со разни препарати за зачувување на трајноста. Истражувањата покажуваат дека дури и малите количини пестициди можат негативно да влијаат на здравјето. За среќа, постојат трикови со чија помош можете драстично да ја намалите изложеноста на пестициди и бактерии кои се наоѓаат на намирниците и тоа со помош на алкохолен оцет и обична вода. Стручњаците откриваат дека оваа мешавина може да отстрани 98 отсто од бактериите и повеќето пестициди.

Мешавината на оцет и вода за миење на зеленчукот и овошјето можете да ја направите сами и да ја чувате во шише со распрснувач.

Помешајте вода и оцет во сооднос 3:1. Испрскајте ги намирниците и оставете да делујва неколку секунди. Потоа нежно истријте ги и измијте ги со обична вода.

Втората опција е да наполните со вода еден сад и да додадете 1/8 до ½ шолја оцет, зависно од големината на садот. Потопете ги намирниците во растворот и оставете ги 15-20 минути. Потоа нежно истријте ги и исплакнете со ладна вода.

Ако сте и натаму загрижени за концентрацијата на пестициди во овошјето и зеленчукот, одбирајте сезонски намирници со подебела кора која можете да ја отстраните. Повеќето несакани материи се задржуваат на површината.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

20 + 18 =