Како да исушите домати на сонце

Во зима сушените домати ќе бидат ваши омилени залчиња. Едноставно е да ги подготвите: освен домати, потребни се само неколку врели летни денови или рерна со вентилатор

0
358

Земете ги доматите и исчистете ги од петелките, измијте ги, исушете ги и исечете ги на четвртини. Важно е парчињата да бидат еднакви. Најпогодни за сушење се месестите домати – оние поситните или шери доматите.

Исечените домати наредете ги на тепсија такашто од долната страна да биде надворешниот дел од доматите со лушпата но внимавајте да не се допираат меѓусебно. Посолете ги солта за да ја извлече од нив водата.

Тепсијата со домати оставете ја во текот на денот на сонце, а предвечер ставете ја во некоја затворена просторија. Повторете го ова во текот на 3-4 дена, колку што е потребно доматите да се исушат: Сушените домати ставете ги во платнена или хартиена кеса или во некоја кутија. Од 1 килограм свежи домати ќе се добијат околу 30 дкг сушени домати.

Кога ќе соберете доволна количина можете да ги ставите во стаклени тегли со маслиново масло и зачински билки, или само така сушени додавајте ги во сосови, супи и варива.

Ако немате балкон, тераса или градина кадешто би можеле да ги сушите доматите, оставете ги во текот на ноќта во рерна на температура од 80 степени со вклучена вентилација. Или исупете ги во дехидратор.

Фото: Pixabey