Како да извлечете максимум вкус и здравствени придобивки од лубеницата

Повеќето љубители на лубеница ќе се согласат дека е таа најубава кога е добро изладена, иако некои нутриционисти сметаат дека треба да се чува на собна температура

0
187

Кога првпат прочитав дека лубениците треба да се чуваат на собна температура затоа што во тој случај имаат значително повеќе антиоксиданси од оние кои поминале некое време во фрижидер, си реков дека тоа баш и нема да биде многу вкусно.

Пробав еднаш и иако лубеницата беше блага и сочна, вкусот со оној на добро изладена лубеница беше неспоредлив.

Лубениците се богати со ликопен и бета каротен, природни антиоксиданси кои имаат цела низа здравствени придобивки, па затоа лубеницата е одличен сојузник во борбата против нарушеното здравје на кожата – велат дека „штити однатре“ токму како што тоа го прави заштитниот фактор од надвор. А токму поради високиот процент на ликопен, нутриционистите тврдат дека на лубеницата не ѝ е местото во фрижидер, како и на доматите. Но ако не можете да ѝ одолеете на изладената лубеница, внимавајте на следново:

Исечете ја едната половина од лубеницата на поголеми парчиња и заштитете ги со проѕирна фолија, а истото направете го и со неисечената половина, но не ги чувајте подолго од една недела. Всушност, се препорачува лубеницата која стои во фрижидер да с еизеде во рок од три дена.