Како да направите чоколадни чашки?

Не можете да печете во чоколадни чаши, но кога еднаш ќе научите како да направите чашки од чоколадо, ќе почнете да ги полните со најразлични вкусни нешта, од овошје и путер од кикирики до сладолед.

0
158

Кога ќе видите колку едноставно се прават овие чоколадни чашки ќе почнете да ги правите почесто и тоа заедно со вашето дете за кое ова може да биде многу забавна активност.
Се што треба да се направи е да се наслика внатрешноста на силиконските модли со растопено чоколадо, да почекате да се здрви и внимателно да го извадите. Ако ви звучи комплицирано, само погледнете го видеото.

Состојки:

Топено тврдо чоколадо (можете да употребите и бело и црно чоколадо од било каков вид)
Силиконски модли
Мали четкички за боење

Приготвување:

1. Растопете го чоколадото и со помош на четкичка нанесете тенок слој од чоколадо внатрешноста на секоја модла. Оставете ги модлите во фрижидер на десет минути.
2. Нанесете и втор слој од чоколадо врз првиот и оставете ги модлите повторно во фрижидер на уште десет минути.
3. Внимателно превртете ги модлите за да ги извадите чоколадните чашки.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

4 × five =