Како да направите чоколадно вино

Британските научници тврдат дека чоколадото и црвеното вино не само што се корисни, туку би требало да бидат вклучени во нашата исхрана. Не само што се сложуваме со ова туку ви нудиме и рецепт за да си го направите овој фантастичен пијалок.

0
234

Состојки:

1,5 шолја млеко

1 шолја од вашето омилено црвено вино

1/3 шолја исечканпо црно чоколадо

За украс по желба можете да додадете шлаг

Приготвување:

  1. Во сад со долга дршка ставете ги млекото и чоколадото и мешајте додека чоколадото не се стопи и не се соедини со млекото на тивок оган.
  2. Кога ќе добиете густо чоколадно млеко, додадете во садот вино и повторно загрејте го пијалокот.
  3. Ставете од чоколадното вино во чаши или шолји, додадете ако сакате и изматен шлаг и уживајте!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here