Како да направите домашен мајонез од маслиново масло?

Се разбира дека во лето баш и не е време за мајонез, ама ако баш ви се пријало или пак ви треба за изработка на некој прелив за салата, ви препорачуваме да си го направите сами.

0
224

Состојки:

1 жолчка

¼ лажичка сол (или по вкус)

1 лажица сок од лимон

1 лажичка сенф

240 мл маслиново масло

Приготвување:

Ставете ги во еден сад жолчката, сокот од лимон и сенфот и почнете да матете. Во слаб млаз постепено долевајте од маслото и не престанувајте со матењето додека не се потроши целата количина. Набрзо ќе добиете густа маса, односно, мајонез кој можете да го чувате во фрижидер околу една недела.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here