Како да подготвите најсочно и најмеко јагнешко

Со оглед на тоа што станува збор за семеен празничен ручек, ви препорачуваме месото да го ставите во доволно голема тава за печење, која има капак. Прекрасен вкус и мирис ова јагнешко ќе добие од рузмаринот, виното и чили сосот. Ви преостанува да ја вклучите рерната и да го испечете. Послужете го со млади компирчиња и многу многу салати

0
2253

Состојки:

Јагнешко месо (оваа количина е за 2 кг месо)

4-5 гранчиња свеж рузмарин

Маслиново масло

Сол, црн пипер

1 чаша црно вино

4-5 чешниња лук

1 шишенце сладок чили сос (го има во големите маркети)

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 150 степени.
  2. Месото ставете го во садот за печење и засечете на него 7-8 резови и во нив боцнете гранчиња рузмарин (исечкани на помали парченца); накапете го месото со маслиново масло и поросете го со крупна морска сол. На дното од садот истурете чаша вино и лукчето. Покријте го садот со капак и ставете го во месото во рерна да се пече околу 3 часа.
  3. Извадете го и тргнете ги гранчињата рузмарин и залијте го месото со чили сосот па печете уште 30 минути, додека не добие убава боја.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

seven − three =