Како да се направат германски перек-кифли?

Овие пецива се меки и сунѓерести во внатрешноста, со тенка кафена кора поросена со груба морска сол. Тајната на овие пецива е брзото натопување во врел алкален раствор пред да се стават и да „експлодираат“ во рерна - тоа е она што им дава специфичен вкус и боја.

0
421

Состојки:

3 3/4 шолји плус 1 лажица брашно

1 сув квасец

2 лажици морска сол

1 1/4 шолја млака вода

3 лажици стопен и потоа изладен путер

3 лажици сода за алкалниот раствор

Крупна морска сол

 

Приготвување:

  1. Измешајте ги брашното, квасецот и солта во голем сад.
  2. Во средно голем сад измешајте ги водата и путерот – мешавината треба да е млака. Додадете ги во мешавината со брашно и изматете со миксер и со маталките за тесто. Ако е тестото лепливо додадете уште брашно. Продолжете да месите со раце се додека не добиете мека и еластична топка тесто. Покријте ја со крпа и оставете ја на топло околу 60 минути додека не нарасне двојно.
  3. Кога ќе нарасне, премесете го тестото и поделете го на 10 еднакви делови. Набрашнете ги рацете и почнете да ги обликувате пецивата, а потоа оставете ги покриени со крпа уште 20-тина минути.
  4. Загрејте ја рерната на 200 степени и подгответе две тепсии за печење такашто ќе ги обложите со хартија за печење.
  5. Во големо тенџере, доволно широко за да собере две пецива, ставете 4¼ шолји вода и сода бикарбона и почекајте да зовријат. Кога ќе се направи пена, со лажица полека ставете две од приготвените пецива во зовриената мешавина и варете ги по 30 секунди од двете страни, а потоа вадете ги и редете ги врз хартијата за печење. Повторете ја постапката со сите 10 пецива (две по две). Направете крст такашто ќе ги засечете со нож и поросете ги со крупна морска сол.
  6. Печете ги околу 15 минути или додека не добијат убава златно кафена боја. Уживајте во топлите пецива со путер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here