Како да заштедите при купувањето храна?

Да, да, знаеме дека на храна треба најмалку да се штеди, но не треба ниту да се фрла.

0
210

Трошоците за живот се сѐ поголеми, па треба да се преземат паметни мерки со кои можете да заштедите. Да, да, знаеме дека на храна треба најмалку да се штеди, но не треба ниту да се фрла. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да заштедите при купувањето, да не ви недостасува ништо, но и да не фрлате храна.

Најважно од сѐ е планирањето на исхраната

Избегнувајте спонтани шопинзи затоа што во тој случај веројатно ќе купите и повеќе од тоа што ви треба и нема рационално да размислувате. Направете листа на работи кои ви требаат според потребите и она што планирате да го јадете. Не одете да купувате гладни затоа што сите истражувања покажале дека тогаш купуваме најмногу, и тоа целосно непотребно.

Прегледајте ги каталозите за идните неколку денови и својата исхрана планирајте ја според тоа кои намирници се на акција.

Цената на здравата исхрана

Наспроти мислењето дека здравата исхрана е скапа, ние тврдиме дека таа ќе ви помогне да заштедите. Пред сѐ, регулирајте ја големината на порциите. Не купувајте грицки, туку свежо овошје и зеленчук. Наместо да купувате сокови, купете јогурт и млечни производи. Обрнете внимание на големината и количината на порциите кои можете да ги добиете од една намирница. Поделете ја вкупната цена на производот на бројот на порции.

Ако цената на една порција е разумна, купете го производот. Ако душата ви бара нешто слатко, купете овошје со поголем процент на шеќер, тегла мед или свежи урми.

Сезонско овошје и зеленчук

Обично сезонските овошја и зеленчуци се најефтини. Прилагодете ја својата исхрана кон годишното време. Во лето уживајте во лубеници и дињи, нектарини, праски и слично, а во текот на пролетта уживајте во млада зелка, јагоди, свежи краставици.

Акции и купони

Планирање на оброците според она што ќе биде на акција може значајно да ги намали трошоците. Акциите знаат да бидат многу исплатливи, па за помалку пари можете да кушите многу повеќе, а доколку не ви треба, нешто од тоа можете да замрзнете и за некоја следна пригода.

Ручек за на работа

Искористете ги остатоците од вчерашниот ручек или вечера и земете ги со себе на работа. Тоа е одличен начин да заштедите пари, а притоа, барем ќе знаете што јадете. Направете си сендвич, земете малку овошје или пак тортилја полнета со зеленчук.

Замрзната и конзервирана храна

Ваквите намирници се попристапни, а нутритивна разлика речиси и не постои. Замрзнатите и конзервирани овошја и зеленчук можат долго да стојат и не ги губат своите својства. Снабдете се со замрзнат зеленчук за секогаш да имате здрав прилог. Кога користите конзервирани производи, добро измијте ги за да го отстраните вишокот на сол.

Извори на протеини кои не се месо

Месото е одличен извор на протеини, но постојат и други извори кои се поефтини.

Тоа се гравот, мешунките или јајцата. Јадете вегетаријански тип на исхрана барем еднаш неделно за да го зголемите внесувањето на здрави намирници, а истовремено да заштедите. Јајцата се одличен извор на протеини, а можете да ги јадете за појадок, ручек или вечера.

Фото: Pexels