Како изгледа најзгодниот готвач на светот?

Перуанскиот шеф со њујоршка адреса се прославил како голиот готвач, а пред да се посвети на готвењето бил модел.

0
163

Франко Нориега е сопственик на ресторанот „Baby Brasa“ на Лоуер Ист Сајд, а од неодамна е и популарен фуд блогер-без облека. Без оглед на тоа што повеќето видеа ги снимил на шпански, станал вистински хит во САД, а бил гостин и во шоуто на славната Елен ДеГенерис.

За добрата форма може да му заблагодари на исклучително здравиот начин на живот кој го промовира и во видеата на Јутјуб каналот Franco Cooks. Извесно време работил како модел за брендовите Долче и Габана, Калвин Клајн и Барбери, но сфатил дека многу поголемо задоволство му причинува кога времето го минува во кујна.

На работа сепак доаѓа облечен и подготвува исклучиво здрава храна со органско потекло. И покрај повисоките цени, не му недостасуваат гости! Освен што води успешен ресторан, Франко редовно оди во теретана, вози скејт и велосипед.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here