Како може да ги искористите калапите за мраз?

Кој вели дека во калапи за мраз може да се прави само обичен мраз. Напротив, можете да ги искористите и на многу покреативен начин

0
168

Во обични пластични калапи за мраз, освен коцки мраз, можете да направите и некои поинтересни работи.

Ледени коцки од зачински билки

Зачувајте ја свежината на ориганото, босилекот, на нането, лукот и ѓумбирот такашто ќе ги исечкате, ќе ги смелете во блендер со малку маслиново масло и со добиената смеса ќе ги наполните калапите за мраз. Замрзнете ги и користете ги во кремави супи, во сосови…Можат да ви траат цела зима.

Овошни ледени коцки

Зрнестото овошје (боровинки, малини, јагоди, рибизли) ставете ги во калапите за мраз и прелијте ги со кисела вода. Замрзнете ги и користете ги како декорација за коктели.

Коцки од доматен сос

Ако ви остане доматен сос во конзерва или во тетрапак, наместо да чекате да ви се расипе, ставете го во калапите за мраз и замрзнете ги а потоа чувајте ги во кеси за замрзнување. Така секогаш ќе имате свеж сос.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here