Како правилно се чуваат зачинските билки?

Зачинскте билки можете да ги чуватена различни начини, вклучувајќи сушење, замрзнување или чување во масло. Која од овие три методи да се одбере зависи од видот на билките и од тоа за што планирате да ги користите.

0
289

Пазарите се полни со прекрасни зачински билки, а веројатно и самите си имате засадено неколку во саксии во вашиот дом. Тие се одлични во свежа состојба, но можете да ги користите и во текот на целата година. Еве како можете да ги зачувате.

Сушење на зачините

Сушењето на зачинските билки не може да биде поедноставно, а е одличен начин да се зачуваат магдонос, рузмарин, мента, мајчина душица и многу други зачини. Но некои билки ќе бидат само бледи сенки од самите себе кога ќе се исушат, па за нив постојат други алтернативи, како што е замрзнување и правење на путер и оцет.

Сушење на зачините по чекори

Чекор 1:

Зачинските билки наберете ги сечејќи ги со остри ножици или со нож. Или пак, ако немате свои, купете ги на пазар.

Чекор 2:

Измијте ги под тивок млаз ладна вода.

Чекор 3:

Обесете ги билките со помош на штипки да се исушат убаво од водата.

Чекор 4:

Кога ќе се исушат од вода, врзете 2-3 стебленца во една китка.

Чекор 5:

Обесете ги билките на суво, темно, топло, не влажно и добро вентилирано место.

Чекор 6:

Сушете ги билките од 1 до 3 недели.

Замрзнување на зачините

Ова е едноставно дури и ако имате мал замрзнувач. Наједноставниот начин да се замрзне е такашто ќе ги измиете и ќе ги раширите на тепсија да се сушат преку ноќта.

Следниот ден ќе ги ставите во кесички за замрзнување во замрзнувачот.

На овој начин може да трае со месеци.

За подолготрајна употреба, можете да ги замрзнете билките такашто ќе ги исечете на мали парченца и ќе ги замрзнете во коцки мраз.

Постојат три главни техники за замрзнување на зачини:

Замрзнување во еден слој

Замрзнување во коцки мраз

Замрзнување со масло

Путер со зачински билки

Уште еден одличен начин за зачувување на билките е да ги претворите во путер и да ги замрзнете. Една шолја зачински билки помешајте во две шолјички омекнат путер. Обликувајте го во колбас со помош на проѕирна фолија и замрзнете го. Парчиња ваков путер топете ставајќи ги врз зеленчук, месо или риба.

Путерот извонредно ги чува вредните состојки и аромата на зачините.

Масло со зачински билки

Ова е воедно и одлична алтернатива за путерот

Ставањето билки, лук, пиперчиња и слично, во маслото е малку ризично бидејќи може да се развијат  многу бактерии.

Затоа, за да бидете сигурни, секогаш чувајте го ваквото масло во фрижидер и искористете го во рок од неколку недели. Како алтернатива, наместо свежи билки, првин исупете ги а потоа додадете ги во ладно цедено масло.

Соодносот е 2 големи лажици сушени билки на 2 шолјички масло.

Оцет со зачински билки

Ќе послужи кој било алкохолен или јаболков оцет

Зачинските билки со вкус на оцет се многу вкусни. Не мора да имате никаква посебна опрема за изработка на ваков оцет. Важно е за почувствителните билки, како што е маточината, да се користи алкохолен, а јаболков оцет  за поиздржливите билки како што е рузмаринот.

Измијте ги и исушете ги свежите зачински билки и ставете ги во стаклено шише со помош на стапче за раженчиња на пример. Излупете чешне лук и едно мало чили пиперче исечете на повеќе парченца. Користете околу пола шолја зачинска билка за 2 шолјички оцет или повеќе ако сакате поконцентриран вкус. Наполнете ги шишињата со билки, лук, чили  и оцет и чувајте на ладно и темно место. Вкусот ќе се зајакнува во текот на 4-6 недели. Вакво оцет користете во маринади, салати или попрскан врз зеленчук.

Фото: Pixabey