Како се прават здрави сладоледи кои не дебелеат?

Уживајте во сладоледот без грижа на совест. Летото е пред нас и на пазарите веќе имаме многу овошје, па само храбро напред - направете си го сладоледот пред легнување и следниот ден ќе имате готов совршен десерт.

0
650

Која техника и да ја примените при изработката на домашни сладоледи, важно е да знаете дека не можете да згрешите – што и да ставите во базата, без разлика дали се работи за овошни или чоколадни и карамелизирани вкусови, сѐ додека сладоледот веднаш по подготвувањето го ставите во соодветен сад, па во замрзнувач, вкусовите ќе останат непроменети, автентични и токму такви какви што сакате.

На многумина им е омилен чоколадниот сладолед како поради слаткоста, така и поради големата љубов кон чоколадото. Меѓутоа, купечкиот сладолед содржи млеко, како и преработени шеќери. Поради тоа време е да се направи истиот деликатес, само уште повкусен, безмлеко или шеќер.

Чоколаден сладолед:

За да го направите овој десерт, потребните ви се следните состојки:

2 заледени банани (исечкајте ги бананите пред да ги замрзнете)

1/2 шолја какао прав (органски)

1 шолја бадемово млеко

1/2 шолја чоколадни дискови

Приготвување:

Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете соединета смеса. Ставете го во соодветен сад да постои во замрзнувач .

Сладолед со авокадо и чоколадо

Состојки:

2 средни зрели авокада

45 г стопено темно чоколадо

3 лажици какао прав

3 лажици јаворов сируп

3 лажици бадемов путер

1 лажичка екстракт од ванила

450 мл бадемово млеко

¼ лажичка морска сол

За прелив:

90 г темно чоколадо

½ лажичка кокосово масло

Сечкани лешници, бадеми или фстаци

Приготвување:

Ставете ги во блендер авокадото, стопеното чоколадо, какаото, јаворовиот сируп, бадемовиот путер, екстрактот од ванила, бадемовото млеко и морската сол и мешајте додека не добиете компактна смеса.

Ставете ја смесата во калапи за сладолед, боцнете ги стапчињата и оставете ги во замрзнувач најмалку 9 часа, иакоенајдобро да се ладат преку ноќ.

За да ги извадите од калапите треба да ги оставите на собна температура на неколку минути зада почнат да се одмрзнуваат, па извадете ги на чинија.

Направете го преливот:

На кокосово масло стопете го чоколадото, постојано мешајќи и истурете врс сладоледите, потоа поросете со сечкано јаткасто овошје и сладоледот е спремен.

Сладолед со авокадо

Ова е еден од најздравите сладоледи во оваа листа, потполно природен ибогат со витамини Е и К, како и со минерали, како калиум имагнезиум кои се наоѓаат во самите плодови на ова овошје.

Состојки:

2 зрели авокада

400 мл кокосово масло

сок и кора од 1 лимета или лимон

60 мл јаворов сируп или мед

Приготвување:

Излупете ги авокадата и ставете ги во блендер заедно со останатите состојки и мешајте додека не добиете убава смеса. Кога ќе отстои, ќе биде поблаго, па ако ви се чини недоволно благо не додавајте веднаш мед или сируп.

Ставете ја смесата во соодветен сад и поросете со кора од лимон. Овој привлечен зелен сладолед од авокадо ќе биде спремен за јадење отприлика после 6 часа.

Сладолед од ванила

Ако сте љубители на ванила, ова е идеален рецепт за вас.

Состојки:

2 заледени банани (исечкајте ги пред да ги замрзнете)

неколку урми

кокосово или бадемово млеко

екстракт од ванила

Приготвување:

Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете компактна смеса. Ставете го да отстои во замрзнувач и спремен е за консумирање.

Сладолед од кокос

Состојки:

660 г манго

500 мл кокосово млеко

3 лажици сок од портокал

3 лажици мед

Приготвување:

Дел од мангото исечкајте на коцки, а остатоот ставете го во блендер и измеајте го со кокосовото млеко и сокот од портокал и со медот.

3 лажици од смесата ставете во калап, отоа ставете ги коцките манго, па повторно смесата, па манго и така додека не ги потрошите состојките.

Оставете во фрижидер да се лади околу 6 часа.

Сладолед со вкус на лимон

Состојки:

160 мл сок од лимон и малку кора од лимон

375 г павлака

250 г капини

375 г јогурт со вкус на шумско овошје

Приготвување:

Во помал сад измешајте ги сокот и коратаод лимон и павлаката.

Помешајте ги капините со овошниот јогурт и оставете настрана.

Полнете ги калапите со смесите, една подруга и ставете во замрзнувач на неколку часа.

Сладолед од јагоди

Состојки:

600 г јагоди

600 г праски

165 г павлака

мед

Приготвување:

Ставете ги во блендер јагодите и 4 лажички мед па оставете ја смесата настрана. Потоа ставете ги во блендер праските и 2 лажички мед и измешајте.

Полнете ги калапите за сладолед по овој редослед: 2 лажички од едната смес, 1 лажичка павлака, па 2 лажички од другата смеса. Повторувајте го ова додека имате од смесата, но завршете со овошје.

Потапкајте малку со лажица за да нема меурчиња, па ставете во замрзнувач најмалку 6 часа.

Сладолед од шумско овошје

Состојки:

2 замрзнати банани (исечкајте ги пред да ги замрзнете)

1 шолја замрзнати малини

1 шолја замрзнати боровинки

пола шолја свежи малини

Приготвување:

Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете соединета смеса. По желба додадете и малку вода. Замрзнете го сладоледот во соодветен сад па вадете топчиња и послужете.

Фото: Pixabey