Каранфилчиња против холестерол, лош здив, за слабеење

Каранфилчињата се најпознати како зачин за колачи или како додаток во варена пченица, но имаат и многу лековити својства: против забоболка, холестерол и лош здив, но и како превенција од рак на белите дробови.

0
772

Каранфилчето е исклучително важен зачин кој треба секојдневно да се консумира, влијае на слабеењето, а лицата кои имаат покачен холестерол можат да го доведат во нормала токму со негово консумирање. Освен тоа, каранфилчето е богато со витамини важни за зравјето како К, А и Ц, како и со магнезиум, натриум, калиум и други.

Според едно истражување од 2006.година, каранфилчето е од голема помош и кога станува збор за одржување на нивото на шеќер во крвта, кај пациентите кои се дијабетичари.

Забележано е дека каранфилчето ја имитира активноста на инсулинот, кога ќе се проголта. Исто така, забележано е дека каранфилчето значително ја намалува концентрацијата на холестеролот во крвта. Според податоците на здравствените организации, 10 грама каранфилчиња во прав, ефектно делува на покачениот холестерол во крвта, зашто ја зголемува синтезата на триглицеридите во телото, со што се намалува концентрацијата на холестерол во крвта.

Оние кои имаат покачен холестерол или се дијабетичари, секојдневно треба да консумираат каранфилче, најдобро со храната. Или пак, можете да користите напиток од каранфилче кое се прави од 10 грама каранфилчиња во прав, добро измешани во чаша млака вода.

Најширока употреба каранфилчето има кога станува збор за проблеми со забите, како што се отекување, болка во непцата, забоболка и лош здив.

Каранфилчето има аналгетски и анестетички својства. Исто така, ги елиминираат бактериите кои растат во устата, затоа што има антибактериски дејства. Лошиот здив од устата е најчесто поврзан со расипани заби. За отстранување на лошиот здив, каранфилчето делува со помош на есенцијалните масла кои ги испушта во текот на џвакањето.

За забоболка

За забоболка нанесете малку екстракт од каранфилчиња (масло од каранфилче) на делот кој ве боли. Но не претерувајте, зашто преголемата употреба може да предизвика оштетување на слузната мембрана.

Против лош здив

 

За лош здив, џвакајте цело каранфилче или две, додека не ги испуштат есенцијалните масла.

 

За слабеење

Најпознатиот рецепт за симнување на килограмите е следниот:

Каранфилче ѓумбир и цимет

Подгответе по 30 грама од сите три зачини и добро измешајте ги.

Секое утро на празен стомак пред јадење земете по една лажица од мешавината разматена во чаша вода.

За слабеење каранфилчето не смее да се користи подолго од еден месец.

Комбинацијата од лен и каранфилче исто така е популарна за слабеење и за чистење на организмот од паразити. Најдобро е да купите мелено каранфилче и лен и да ги измешате во сооднос 10:1. На 100 грама лен ставете 10 грама каранфилчиња. Две рамни лажици од оваа мешавина додадете во супа или во млака вода и пијте 3 дена по ред во текот на неделата. Потоа направете пауза од 4 дена па повторете вкупно 4 пати.

За варењето

Каранфилчето е најпознато како зачин кој делува против надуеност. Тој се додава во храната за да ги намали дразбите во стомакот и да го намали ризикот од гасови кои ги предизвикуваат некои други состојки на храната. Исто така, каранфилчето поседува антивоспалителни и антибактериски својства, а се користи и за лекување на благи бактериски инфекции.

Како се употребува:

Најдобро е да го додадете во секојдневната исхрана. Можете да го користите во облик на прав или да го џвакате цело за да го имате саканиот ефект врз системот за варење. Ако го јадете цело, загризете го со катниците и почекајте 5-6 минути, додека не испушти есенцијални масла. Не го џвакајте премногу.

Ја ублажува киселината

Каранфилчето е познато и по тоа што ги ублажува проблемите со киселините. Освен што спречува надуеност, се користи и за празнење на желудникот. Имено, истражувањата укажуваат на тоа дека консумирањето каранфилчиња ја зголемува силата на контракциите во хранопроводникот и цревата, па храната побрзо излегува од желудникот и така се спречува собирањето на киселината.

Како се употребува

За ублажување на стомачните проблеми можете да џвакате каранфилче после оброкот. Додека јадете каранфилче, не внесувајте ништо слатко. Ако сакате, можете само да се напиете малку вода.

Ја ублажува болката во зглобовите

Каранфилчето има ефектни антивоспалителни својства, благодарение на кои ја намалува болката во зглобовите кај пациентите кои боледуваат од артритис. Масажата на болните зглобови со масло од каранфилче може да го намали воспалението и отокот и така да донесе олеснување.

Употреба:

Земете две каранфилчиња и смелете ги или испечете ги додека се цели. Завиткајте ги во крпа и ставете ги на делот кој ве боли. Освен ова, може да ставите две капки есенцијално масло од каранфилче во вода и во неа ставете ги нозете. Тоа ќе ви ги олесни болките.

Ги отстранува респиратпрните проблеми

Каранфилчето често се користи против болка во грлото и благодарение на антивоспалителните својства, тој е добро, природно решение. Исто така, се користи и како превентивна мерка против ракот на белите дробови.

Употреба:

Направете чај од каранфилчиња и пијте го барем 2-3 пати дневно, за да ја заблажи кашлицата и болката во грлото. Можете да го ставите каранфилчето во зовриена вода и да почекате да ги испушти есенцијалните масла, па да ја корстите течноста за инхалација.

Го отстранува стресот

Маслото од каранфилче често се користи за ароматерапија, за отстранување на стресот и депресијата кај пациентите.

Како се користи:

Додадете неколку капки масло од каранфилче во кадата и ќе се освежите и ќе се опуштите.

Ги решава и проблемите со кожата

Благодарение на антибактериските и антивоспалителните својства, може да се користи за отстранување на акните, а ја намалува и видливоста на дамките и модринките на кожата.

Употреба:

Добро здробете каранфилче и помешајте го со лажица сок од лимон и мед. Нанесете на лицето и почекајте 20 минути па исплакнете го лицето со вода.

Чај од каранфилче

 

Овој чај се користи за забоболка, воспаление на непцата, на синусите и против ревматски болки.

Приготвувањето на чајот е едноставно. Здробете една лажичка каранфилче во аван. Варете го здробеното каранфилче во децилитар зовриена вода 5 до 10 минути, оставете да се излади и чајот е готов.

Најдобро е да најдете цели каранфилчиња, наместо каранфилче во прав кое полесно ветрее и ја губи аромата.

За да го проверите квалитетот, ставете го каранфилчето во вода. Би требало да лебди во вертикална положба. Чувајте ги каранфилчињата во затворена тегличка.

Не консумирајте каранфилчиња ако имате историја на акутно или хронично крварење, ако страдате од некое пореметување кое предизвикува крварење, или ако земате лекови за проретчување на крвта.

Исто така, не го консумирајте ако знаете дека некој во вашето семејство е чувствителен на каранфилчиња или има алергија.

Или ако доите.

Ако сте користеле каранфилчиња и имате некоја реакција како што е чешање во устата, оток, воспалние, црвенило или некоја алергиска реакција, веднаш престанете да користите каранфилче.

Фото: Pixabey