Кекси од тиква

Ако се уште не сте се одлучиле какви колачи ќе правите, еве еден рецепт за кекси со малку поинаков вкус

0
372

Состојки:

105 г путер

100 г кафеав шеќер

60 г пире од тиква

1 ванилин шеќер

200 г брашно

Пола лажичка сода бикарбона

Полла кесичка прашок за пециво

Прстофат сол

Состојки за глазура:

115 г путер

Пола кесичка ванилин шеќер

300-360 г шеќер

Мешавина од цимет, ѓумбир, каранфилче, мускатно оревче, пимент

Приготвување:

Додека рерната се грее на 180 степени, измешајте ги путерот и шеќерот со миксер. Додадете ги пирето од тиква и ванилиниот шеќер и мешајте додека смесата не се хомогенизира. До рачна мешалка додадете го остатокот од состојките и ешајте. Смесата би требало да стане мека.

Формирајте топчиња и ставајте ги врз хартија за печење, оддалечени едно од друго и сплескајте ги по малку. Печете 8-10 минути. Оставете ги да се оладат.

За глазурата изматете ги путерот, ванилиниот шеќер и 300 г шеќер. Ако глазурата не е доволно густа, додадете постепено уште 60 грама, по една лажица. Додадете ги зачините  и мешајте додека смесата не стане хомогена. Кога ќе се оладат кексите, ставете ја глазурата.