Кекси со цвекло и кокос

Зошто па да не! Како и да ви звучи, не е невозможно. Овој рецепт ќе ве увери дека цвеклото може да биде дел од вкусен десерт.

0
170

Рецептот за овие здрави кекси ги најдовме на блогот Rabbitfoodformybunnyteeth

Состојки:

180 мл павлака

3/4 шолја брашно од целовити зрна

½ шолја кокос

1 јајце

1 цвекло со средна големина, излупено и изрендано

1 лажичка екстракт одванила

1 лажичка екстракт од малина

1 лажичка прашок за пециво

За поросување:

1/4 шолја кокос

10 несолени мелени бадеми

24 бадеми за украс или чоколадни топчиња

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 C.

Помешајте ги ренданото цвекло, јајцето и екстракти и измеајте ги во блендер. Додадете ја павлаката и продолжете да мешате додека не се соедини.

Во посебен сад измеајте ги брашното и прашокот за пециво, па додадете ја мешавината со цвеклото и 1/2 шолја кокос. Измешајте заедно и ставете ја смесата во замрзнувач на 15 минути за да биде полесна за ракување. Додека смесата се лади смелете ги бадемите, па помешајте ги со ¼ шолја со кокос. Извадете ја смесата од замрзнувач, па облиувајте бомбици со пречник од околу 2,5 цм, извалкајте ја секоја во мешавината од бадеми и кокос и редете ги на тепсијата. По малку притиснете ги со прстите за да ги израмните.

Печете 10 минути, а кога ќе ги извадите од рерна веднаш во средината втиснете по еден бадем или по едно чоколадно топче. Оставете да се оладат.

Фото: Rabbitfoodformybunnyteeth