Кељ со ориз

Ова е уште едно од оние брзи јадења за тие што се враќаат доцна од работа, а дома ги чекаат „гладни усти“. Значи, здраво, брзо и вкусно...повеќе и не треба, нели?

0
151

Состојки:

5 лажици маслиново масло

4 чешниња лук

1 средно голем кељ

120 г ориз

1 китка свеж магдонос

Сол, црн пипер

Рендан кашкавал

Лимон

Приготвување:

  1. Загрејте го маслото па издинстајте го ситно сечканиот лук. Додадете го исечканиот магдонос. Динстајте околу 5 минути па додадете го и крупно исечениот кељ.
  2. Варете на тивок оган десетина минути, па додадете го оризот и 500 мл вода (по потреба и повеќе).
  3. Зачинете. Варете додека оризот не биде готов, но внимавајте да не се превари.
  4. Зачинете со свежо цеден сок од лимон. Послужете со рендан кашкавал.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here